Винскиот Музеј за регион Тиквеш – Кавадарци , претставува Специјализиран Регионален музеј, прв од ваков тип во Република Македонија.
Музејот на виното е непрофитна организација од областа на културата , чија што основна задача е да прибира, истражува собира, средува стручно и научно да обработува , заштитува и објавува и презентира музејски предмети во делот на винарството и лозарството.
Вински Музеј за Регион Тиквеш – Кавадарци e културна институција во Општина Кавадарци која има за цел водење на културна грижа и културна едукација на сите посетители за едукација и запознавање со култуните вредности што овој музеј ги поседува во делот на лозарството и винарството.
На површина од 100 м2 изложени се предмети поврзани со преработка на вино и ракија од крајот на XIX и почетокот на XX век.
На 07-12-2024 год. со почеток од 12h, Вински Музеј за...
која има за цел да го прикаже континуитетот на производството на вино и ракија од крајот на XIX и поч на XX век.
Винскиот Музеј за регион Тиквеш – Кавадарци ги обединува сите музеолошки дисциплини во себе , археолошка, етнолошка и историска.
Во музејот се изложени 70 етнолошки предмети поврзани со производство на вино и ракија 15 фотографии со историска соджина, како и комерцијален дел на изложбени вина од сите комерцијални и семејни винарии во регионот,
Ентериерот на музејот е збогатен и со амбиентална содржина, со модерни технолошко современи услови за работа и библиотека со информативни содржини.
Имајќи ги во предвид истоиските факти кои биле процес во овој регион, оваа институција која го обединува цел Тиквешки регион е носител на децентрализираниот модел на управување на богатото културно наследство за управување на културата и културното наследство.
Вински Музеј за регион Тиквеш – Кавадарци е институнационален носител на целокупната музејска дејност во делот на винарството и лозарството во цел регион на Винските патишта .