ЛОКАЛЕН ВИНСКИ МУЗЕЈ НА РЕГИОН ТИКВЕШ - КАВАДАРЦИ
ИСТОРИЈА

на кутурната традиција на производство на грозје и производи од грозје на Тиквешкиот регион...

КУЛТУРА

на традиционалнот орегионално производство на грозје, вино, ракија, маџун и други прозиводи од грозје...

ТРАДИЦИЈА

на прозводство на грозје и производи од грозје по локални традиционални методи на обработка и алати за обработка...

АМБИЕНТ

автентичен амбиент на музејските поставки во специјализиран објект кој морате да го посетите за да го доловите искуството...

Локален Вински Музеј на регион Тиквеш - Кавадарци - Tikves' regional Wine Museum - Kavadarci

About Us - ЗА НАС

Винскиот Музеј за регион Тиквеш – Кавадарци

претставува  Специјализиран Регионален музеј, прв од ваков тип во Република Македонија.  

Музејот на виното

е непрофитна организација од областа на културата , чија што основна задача е да прибира, истражува собира, средува стручно и научно да обработува , заштитува и објавува и презентира музејски предмети во делот на винарството и лозарството.

културна институција

во Општина Кавадарци која има за цел водење на културна грижа и културна едукација на сите посетители за едукација и запознавање со култуните вредности што овој музеј ги поседува во делот на лозарството и винарството.

На површина од

100 м2 изложени се предмети поврзани со преработка на вино и ракија од крајот на XIX и почетокот на XX век.Музејот во својот состав содржи музејска збирка од делот на винарството и лозарството , која има за цел да го прикаже континуитетот на  производството на вино и ракија од крајот на XIX и поч на XX век.

Во музејот се изложени

70 етнолошки предмети поврзани со производство на вино и ракија   15 фотографии со историска соджина, како и комерцијален дел на изложбени вина од сите комерцијални и семејни винарии во регионот,

Ентериерот на музејот

е збогатен и со амбиентална содржина, со модерни технолошко современи услови за работа и библиотека со информативни содржини.

погледнете видео

Вински Музеј Кавадарци

Историјат на производството на грозје и производи од винова лоза во Тиквешкиот регион

антички период

Лозарството и Винарството во Тиквешијата во Античкиот период

Тиквешијата како поширок етно-географски регион во делот на винарството и лозарството има богато историско минато и долга традиција. Тие претставуваат основни стопански гранки со кои се занимавало скоро целото население од целиот крај. 
Уште во времето на Античка Македонија благодарение на големиот број на артефакти, воното претставувало нераскинлив сегмент од животот на Македонците кои ја одгледувале оваа култура, а богот на Виното Дионис било едно од најславените божества во Античката митологија…
ПОВЕЌЕ…
среден век од XI до XVIII век

Лозарството и Винарството во Тиквешијата во средниот век

Сознанија за развојот на лозарството и винарството во раниот среден век ни дава Теофилакт Охридски во своите писма како и историчарот Идризи , каде се забележува дека во Тиквешијата лозарството има богата традиција. За обработката на лозовите насади се користеле најчесто мотики и дикели. Одгледувањето на виновата лоза барала многу знаење макотрпна работа и искуство…
ПОВЕЌЕ…
Лозарство и Винарство во Тиквешијата

од крајот на XVIII до почетокот на XX век

Во овој период доаѓа до окрупнување на лозаро-производителите, а напоредно со тоа инивно здружување , формирање на задруги за поголема конкурентност на пазарот. Голем број на Фамилии од Тиквешијата почнувале да окрупнуваат и да се здружуваат да формираат кооперантска соработка со поголеми трговци и винарии во Кавадарци. Такви биле фамилиите на Велкови, Шкартови, Грозданов, Доневи, Мукаетови и други ангажирајќи ги своите капацитети од своите винарии и коритници…

Вински Музеј - Кавадарци

Ви посакуваме топло добредојде !!!

Сите Вие кое сте заинтересирани за посета и за доживување на едно пријатно и незаборавно искуство, поканети сте да Не посетите и да уживате во Тиквешката Лозаро Винска традиција во автентичен Амбиент. Ви стоиме на располагање за контакт и закажување на посетана музејската поставка, присуство на закажан настан или дегустација на локални производи од грозје.

Вински Музеј - Кавадарци

Работно време

Секој работен ден од 08,00 до 16,00ч. или по закажан термин за настан или најавена посета