вински музеј на тиквешки регион - Кавадрци

Приказна за виното од антиката па до денес

Винскиот Музеј за регион Тиквеш – Кавадарци , претставува  Специјализиран Регионален музеј, прв од ваков тип во Република Македонија.   

   Музејот на виното е непрофитна организација од областа на културата , чија што основна задача е да прибира, истражува собира, средува стручно и научно да обработува , заштитува и објавува и презентира музејски предмети во делот на винарството и лозарството.

  Вински Музеј за Регион Тиквеш – Кавадарци e културна институција во Општина Кавадарци која има за цел водење на културна грижа и културна едукација на сите посетители за едукација и запознавање со култуните вредности што овој музеј ги поседува во делот на лозарството и винарството.

На површина од 100 м2 изложени се предмети поврзани со преработка на вино и ракија од крајот на XIX и почетокот на XX век.

Музејот во својот состав содржи музејска збирка од делот на винарството и лозарството , која има за цел да го прикаже континуитетот на  производството на вино и ракија од крајот на XIX и поч на XX век.

Винскиот Музеј за регион Тиквеш – Кавадарци ги обединува сите музеолошки дисциплини во себе , археолошка, етнолошка и историска.

   Во музејот се изложени 70 етнолошки предмети поврзани со производство на вино и ракија   15 фотографии со историска соджина, како и комерцијален дел на изложбени вина од сите комерцијални и семејни винарии во регионот,

   Ентериерот на музејот е збогатен и со амбиентална содржина, со модерни технолошко современи услови за работа и библиотека со информативни содржини.

  Имајќи ги во предвид истоиските факти кои биле процес во овој регион, оваа институција која го обединува цел Тиквешки регион  е носител на децентрализираниот модел на управување на богатото културно наследство за управување на културата и културното наследство.

   Вински Музеј за регион Тиквеш – Кавадарци е институнационален носител на целокупната музејска дејност во делот на винарството и лозарството во цел регион на Винските патишта .

Tikvesh area Wine museum - Kavadarci - Macedonia

Лозарствтвото и Винарството во Тиквешијата во Античкиот Период

Антички Период
Во Тиквешијата

Тиквешијата како поширок етно-географски регион во делот на лозарството и винарството  имаат богато историско минато и долга традиција. Тие претставуваат основни стопански гранки со кои се занимавало населението од целиот овој крај.

Антички Период
Античка Македонија

Уште во времето на Античка Македонија благодарение на големиот број на артефакти, виното претставувало нераскинлив сегмент од животот на Македонците кои ја одгледувале оваа култура,  а богот на виното Дионис  бил едно од најславените божества во Античката митологија.

Антички Период
4000 години традиција

Македонија е меѓу првите земји вo Европа во кои се одгледувала оваа култура . Научниците археолози и историчари ќе забележат „Историјата на лозарството потекнува од пред 4000 години и е пренесена од Тракија преку ридестата Македонија на медитеранскиот Балкан“.

Антички Период
Виното и Александар

Грозјето и виното биле култни прехрамбени продукти за кои постоеле посебни прописи кај производителите на грозје и вино кои строго морале да ги почитуваат. Омилен пијалок на Александар Македонски било виното , и тоа е е забележано кај античкиот историчар Диодор Сицилијанецот во биографијата за Александар Македонски.

Антички Период
Ритуали

Античките Македонци својот култ кон виното го практикувале и во погребните обичаи.  Имено Македонците биле погребувани со ставање на предмети од лична сопственост , меѓу кои и садови за пиење на вино кои што археолозите ги откривале при нивните истражувања. Тиквешкиот Регион бил колевка на лозарството и винарството .

Антички Период
Археолошки наоѓалишта

За тоа говорат бројните наоди и археолошки наоѓалишта како Стоби, Антигонеа, Белград, Еударист, Градот, Умата, Градиште и други. Меѓу пронајдените предмети кои се поврзани со грозјето и виното доминираат: путири, камени корита за газње на вино, пехари, антички надгробни стели, баханалии , монети и др.

Антички Период
Бахус , Дионис

Во Тиквешијата се откриени неколку камени корита и тоа во Раец, Мрзен Ораовец, Вешје, Дреново и локалитетот Белград.

Многу значаен предмет од овој период е мермерната вотивна плоча од месноста „ Ума „ I век пр.н.е. 

 Оваа култна икона – „ Баханалија„ – претставува рељефна претстава изработена во бел мермер во чест на богот на грозјето и виното Бахус.

Од оваа култна икона може да се заклучи дека почитта кон богот Дионис и Бахус е доста раширена во целиот Тиквешки регион.

  Во чест на богот Дионис секоја година се одржувале две свечености, познати како Дионисови денови или Дионисии 2 век од нашата ера.

Малите или селски Дионисии се одржувале од 11 до 13 февруари, а големите или градски Дионисии од 9 до 13 март. Овие денови биле пропратени со масивни насилства, тривијалности и масовни тепачки, поради што биле забранети од императорот Проб во 186 година.

Вакви и слични пишани документи и артефакти во Тиквешијата има многу што говорат за постоењето на лозарството и винарството уште од раниот  антички  период .

Tikvesh area Wine museum - Kavadarci - Macedonia

Лозарствтвото и Винарството во Тиквешијата во Средниот Век XI, XII, XIII, XIV, XV, XVI XVII XVIII

XI - век
ран среден век

Сознанија за развојот на лозарството и винарството во Тиквешијата во Раниот среден век ни дава Теофилакт Охридски во своите писма и историчарот Идризи  каде се  забележува дека во Тиквешијата лозарството се одгледувало со векови и има богата традиција. За обработка на лозовите површини се користеле разновидни алатки пред се мотики и дикели. Одгледувањето на виновата лоза барала многу работа знаење и искуство.

XII - век
црно и бело грозје

Во овој период постоеле две врсти на грозје бело и црно, па според тоа постоеле и две врсти на грозје : Малвазија – црно вино и Темјаника –  бело вино кои се споменуваат во XIV век од страна на Констанит Јиричек. Меѓу поквалитетните винови лози се споменува и требијанската лоза  ( vinea trebiana tribiana) која била застапена во првата половина на XIV век.

XIII - век
манастирски имоти

Во овој период до XIV век,  голем расцут доживеал манастирскиот посед. Главен извор за богатството на манастирските имоти биле селата. Манастирите ги добивале селата заедно со имотите (лозјата бавчите и градините) како и ,,Метосите,, – кои претставувале имоти на помали манастири или цркви изградени во градовите и селата.Крупните манастири започнале да ги голтаат тие ,,метоси,, 

 

XIV - век
Св. Ѓорѓи - Полошки манастир

така на пр.  во Тиквешијата метохот на манастирот Св Ѓорѓи Полошки според записите на Јован и Константин Дејановиќ во 1378 бил господар на пет села во Полошкиот регион.  Најголем дел од обработливата земја им припаѓала на манастирите . Полошкиот манастир се споменува како голем сопственик на лозја во селата : Полошко, Драгожел, Кошани, Желишта , Ресава и др. Полошкиот Манастир располагал и со многу голема визба во која имало бочви и буриња за вино и истото се чувало во дрвени садови т.н.  „ чабри„.

XV - век
Отомански период

Во Отоманскиот период XV  и XVI постојат малку податоци од областа на винарството и лозарството , и ова трае до крај на XIX . Куранот не дозволувал консулмирање на алкохол и алкохолни пијалоци , а со тоа дошло и до намалување на површините на лозовите насади , но добра страна е тоа што Турците како љубители на благите работи ( слатките и ориентални производи), на овие простори донеле нови сорти на винова лоза : афус-али, султанија, чавкариче, чауш и други.

XVI - век
дефтер - данок

И покрај се постојот статистички податоци за време на владеењето на Отоманската империја, каде турските власти педантно се грижеле за прибирање на приходите кај рајата. Постојат „дефтери„ кои докажуваат дека постоел данок на приход од глава на жител од вински лозови насади.

Tikvesh area Wine museum - Kavadarci - Macedonia

Лозарството и Винарството во Тиквешијата од крајот на XIX и почеток на XX век

XIX и XX век
Тиквешки Фамилии

Крајот на  XIX век и почеток на XX век  доаѓа до окрупнување на лозаро -производителите , а со тоа и формирање на задруги кои што ќе бидат конкуретни на пазарот. Голем број на фамилии во Тиквешијата почнале да се окрупнуваат и здружуваат,  и да имаат кооперантска соработка со  поголеми трговци и винари во Кавадарци

XIX и XX век
задруги и Винарски визби

Такви биле фамилиите на Велкови , Грозданови, Шкартови, Даневи, Мукаетови и др , користејќи ги капацитетите на нивните визби и „ коритници„ . Во 1885 год Фамилијата Велкови ја формира првата Винарска Визба „Тиквеш„ која што била прва од таков карактер на Балканот .

XIX и XX век
Во 1885 год.

Винаријата во прво време работела со капацитет од 50 000-80 000 кг грозје, но со текот на времето и како резултат на побарувачката нејзиниот капацитет се зголемил од 250 000 кг до 300 000 кг грозје. Голем подем винаријата „Тиквеш„ направила за време на Александар Велков , кој бил  еден од основачите на Винарската Визба „Тиквеш„ од 1885 година.

XIX и XX век
Винарска Визба Тиквеш

Фамилијата Велкови почнала да произведува неколку видови на вино, мастика вињак, коњак неколку видови на ликер и гроздова шира. Стефан Велков (син на Александар Велков основач на винаријата)  завршил трговска академија во Битола ,  бил задолжен за продажба на нивните производи како во Македонија, Србија и  Грција. Пане Велков (син на Александар Велков) бил енолог во винаријата задолжен за квалитетот на вината.

XIX и XX век
кооперантство и трговија

Имале кооперантска соработка со позната фирма „ Метакса„  од Солун , и во 1912 год. склучуваат договор за соработка помеѓу двете фирми. Фамилијата Велкови испраќала одредени количини на вино, а за возврат увезувале ,,метакса,, и ,,узо,, во Македонија. Винарската Визба „Тиквеш„ била една од најголемите работни организации во Кавадарци во почетокот на XX век и вработувала 20 работници, а таа бројка често се зголемувала во зависност од големината на прозизводството.

XIX и XX век
меѓу двете светски војни

Првите чекори за обнова на опустошеното лозарство во Тиквешијата од Филоксерата во 1913 година ,  направени се  во средината на 1920 со отварењето на лозов расадник , првата поголема државна работна организација во Кавадарци, а со тоа и почеток на обнова и подигање на големи површини на лозови насади. Основањето и делувањето на Лозовиот Расадник во Кавадарци одиграл значајна улога во обновувањето на лозарството во Тиквешијата и Македонија во целост , а тоа  придонело Тиквешијата да биде и остане најзначајниот регион за производство и преработка на грозје во Македонија и пошироко.

XIX и XX век
по втората светска војна и ослободувањето на Македонија

Во 1947 година е формирано винарското претпријатие „ Тиквеш„ за производство на вино ракија и други алкохолни пијалоци , и денес винарската визба „ Тиквеш„ претставува заокружена технолошка целина , почнувајќи од примарна преработка на грозјето до најсовремена финализација на вината.

Виртуелна тура низ Винскиот музеј во Кавадарци