Вински Музеј - Кавадарци

За Нас

Винскиот Музеј за регион Тиквеш – Кавадарци , претставува  Специјализиран Регионален музеј, прв од ваков тип во Република Македонија.   

   Музејот на виното е непрофитна организација од областа на културата , чија што основна задача е да прибира, истражува собира, средува стручно и научно да обработува , заштитува и објавува и презентира музејски предмети во делот на винарството и лозарството.

  Вински Музеј за Регион Тиквеш – Кавадарци e културна институција во Општина Кавадарци која има за цел водење на културна грижа и културна едукација на сите посетители за едукација и запознавање со култуните вредности што овој музеј ги поседува во делот на лозарството и винарството.

На површина од 100 м2 изложени се предмети поврзани со преработка на вино и ракија од крајот на XIX и почетокот на XX век.

Вински Музеј - Кавадарци

Музејот во својот состав содржи музејска збирка од делот на винарството и лозарството

која има за цел да го прикаже континуитетот на  производството на вино и ракија од крајот на XIX и поч на XX век.

Винскиот Музеј за регион Тиквеш – Кавадарци ги обединува сите музеолошки дисциплини во себе , археолошка, етнолошка и историска.

   Во музејот се изложени 70 етнолошки предмети поврзани со производство на вино и ракија   15 фотографии со историска соджина, како и комерцијален дел на изложбени вина од сите комерцијални и семејни винарии во регионот,

   Ентериерот на музејот е збогатен и со амбиентална содржина, со модерни технолошко современи услови за работа и библиотека со информативни содржини.

  Имајќи ги во предвид истоиските факти кои биле процес во овој регион, оваа институција која го обединува цел Тиквешки регион  е носител на децентрализираниот модел на управување на богатото културно наследство за управување на културата и културното наследство.

   Вински Музеј за регион Тиквеш – Кавадарци е институнационален носител на целокупната музејска дејност во делот на винарството и лозарството во цел регион на Винските патишта .

од основање па до денес
2000

контактирајте со Нас