ЈОУ Локален Вински Музеј за Регион Тиквеш – Кавадарци, како Локална културна институција ја има една од главните цели и задачи што се основни за секој музеј и тоа : истражување, собирање, стручна и научна обработка на музејскиот фонд, негова заштита, презентација и објавување. Својата дејност музејот ја врши и преку организирање, односно презентирање на музејските предмети и материјал во изложби со постојан и времен карактер.